Француски полицајци ќе вршат контроли на албанските гранични премини
Француски полицајци на почетокот на септември ќе прстигнат во Албанија како помош на нивните албански колеги, во контрола на граничните премини со цел да се спречат случаите на непочитување на правилата за слободно движење во Шенген зоната.
Тие ќе им помагаат на албанската полицајци да се стопира патувањето на деца без придружба и да се намали бројот на возрасни албански граѓани кои патуваат за Франција, а кои потоа таму бараат азил, две појави што подолг период ги загрижуваат француските власти.
За таа цел во Париз министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, и министерот за внатрешни работи на Франција, Гернард Коломб потпишаа билатерална спогодба. На потпшувањето присуствуваше и Фатмир Џафај, поранешниот прв полицаец во Албанија, чие име сега се споменува за истата функција и во новата албанска Влада.
Во Франција има голем бројот албански државјани кои бараат азил, а појавата децата да се носат таму и да се остават на улица, поради полибералните процедури за згрижување и останување во земјата, во последно време добиваат загржувачки размери.
Граѓаните на Албанија од 15 декември 2010 година патуваат во Европската Унија без визи.
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје