Францускиот амбасадор додели дипломи ДЕЛФ на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово

Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние на свеченост што се одржа на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово ги додели дипломите ДЕЛФ за познавање на францускиот јазик.
Повеќе од 40 ученици, деца и возрасни, од полошкиот регион годинава почнувајќи од почетното до највисокото ниво на ДЕЛФ го положиле овој испит.
Амбасадорот Тимоние изрази задоволство што голем број заинтересирани лица од Тетово и Гостивар го изучуваат францускиот јазик што, рече, отвора многу можности во иднина. Тој информира дека по средбата со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов добил најава дека тој ќе учествува на Самитот на франкофонијата што ќе се одржи на Мадагаскар.
- Многу ми е драго што ве гледам во толку голем број. Посебно сум задоволен што гледам многу млади лица. Сакам да ви честитам на сите за здобиените дипломи и да ви кажам дека изучувањето на францускиот јазик е одлична можност за големи успеси во иднина, бидејќи ви отвара врати кон нови искуства, образование и работа. Се надевам дека и понатаму ќе продолжите да го усовршувате јазикот, изјави амбасадорот Тимоние.
На церемонијата и беше доделена и магистерската диплома од францускиот Универзитетот „Д’Артоа“ на професорката од Француската Алијанса - Мимоза Цека. Како што истакна директорката на Француската Алијанса во Тетово, Жули Шемберланд со оваа церемонија се прославува успехот и вреднувањето на учењето на странските јазици во регионот.
Ново на Сител
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
-

Кога ќе се научат фирмите дека се продаваат поскапи производи, тешко се враќаат назад, вели Димитриеска Кочоска
-

Преглед на вестите од светот
