Франгов: Активирање на нова индустриска зона во Негорци
Во Гевгелија на 15 октомври победува ВМРО-ДПМНЕ затоа што граѓаните препознаваат кој работел и создавал дела, а кој нуди ветер и магла и проекти кои се веќе започнати или при крај, рече Иван Франгов кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на средбата со жителите на двете најголеми населени места во општината, Негорци и Миравци.
Франгов истакна дека пред граѓаните излегува со чист образ од нив повторно да побара доверба, затоа што изминативе години многу проекти се реализирани токму во Негорци и Миравци. За наредниот мандат, од поважните проекти, тој вети замена на азбестниот покрив на ОУ „Ристо Шуклев“ во Негорци и активирање на новата индустриска зона „Билото“ на површина од 90 хектари, а во Миравци најави реконструкција на регионалниот пат Миравци-Удово и изградба на рекреативно забавен парк.
- Ние досега бевме тука за вас и ќе бидеме и во наредниот период. Единствено што ни преостанува е да засукаме ракави и да работиме со користење на нашето и вашето знаење. За разлика од нас, мојот противкандидат ви ги нуди „украдените“ проекти од мојата изборна програма кои се започнати или во фаза на завршување, како новиот водоснабдителен систем, пречистителната станица и современата депонија за комунален отпад, нагласи Франгов.
Тој зборуваше и за важноста на трите проекти за младите и социјално загрозените граѓани односно за стекнување со нов дом на младите брачни парови, бесплатниот оброк за учениците од прво до петто одделение и еднократниот отпис на сметките за комунални услуги.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет