Франсоа Фијон најави средба со Ангела Меркел

Кандидат за француски претседател на конзервативната партија Републиканци, Франсоа Фајон, кој според анкетите на јавното мислење е фаврот за победа на априлските претседателски избори во Франциј, најави дека наскоро ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според најавите, Фијон со Меркел треба да разговара за неговите планови за иднината на Европа.
- Победата на Доналд Трамп и трагедијата во Берлин ги менуваат работите во Европа. За САД нашиот континент најверојатно повеќе нема да биде приоритет, а во Германија се повеќе исчезнува идејата за пацифизам, изјави Фијон во Париз.
Според него, во такви околности Франција мора да ја искористи шансата повторно да ја мобилизира Европската Унија околу стратешките приоритети: колективната безбедност, одбраната, иновации и зајакнување на еврозоната.
Ново на Сител
-

Папата пред повеќе од милион луѓе на миса во Мадрид ги повика младите да пронајдат вера
-

Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула
-

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
-

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
