Фрапантно: Еве колку граѓани има во Македонија според ДИК

Македонија има еден 1.958.844 полнолетни државјани и 505.422 малолетни државјани или вкупно, 2.464.266 државјани. Ова е содржано во одговорот што Државната изборна комисија на нејзино барање го доби од регистарот на државјани на Министерството за внатрешни работи. Ваквиот податок од МВР Комисијата го побарала за првпат и тој покажува дека бројот на луѓе со право на глас е зголемен. Едногласно беше прифатен овој извештај, а Бедредин Ибраими направи математика.
-Доаѓаме до податокот дека имаме 154.398 државјани кои не се запишани во Избирачкиот список. Најверојатно не поседуваат валдина лична карта или патна исправа, рече Ибраими.
Според Ибраими, овој извештај потврди дека треба да се престане со замајување на јавноста со прашањата како може од два милиона жители, според последниот Попикс на населението да има над 1.800 илјади гласачи. Бројот на гласачи во наредниот период ќе расте бидејќи сигурно дека дел од државјаните кои не се запишани во Избирачкиот список ќе добијат патна исправа или лична карта, рече Субхи Јакупи кој нагласи дека треба да се раздвојат податоците од Списокот и од последниот Попис на населението.
-Кога странски делегации прашуваат како е можно да има толку многу гласачи, одговорот е дека едни се податоците во Пописот на населението, а сосема нешто друго се податоците за бројот на државјани, рече Јакупи.
-Убедена сум дека ќе се расчисти маглата – како можел да расте бројот на гласачи. Па дури имавме лицитација со бројки, рече Бонева.
Последното што од една партија го тврдеа е дека има 139 илјади фантомски гласачи, но најдобар демант е последниот податок од МВР, рече Бонева. Инаку, одговорот што ДИК го доби од МВР е потпишан од заменикот министер Митко Чавков.
Што се однесува до дијаспората, до ДИК се пристигнати 6.686 пријави за гласање на државјани во дијаспората, со напомено дека не значи и дека станува збор за толку пријавени лица, бидејќи можно е некој повеќе пати да се пријавил. За проверка е постапено по 3190 пријави, но, има рок од уште три дена за обработка. На седницата повторно не присујствуваа членовите од СДСМ, за кои, претседателот Александар Чичаковски рече дека ќе постапи според Деловникот, а тоа значи казнување со намалување на платата за 5 проценти.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
