Фрчковски повеќе не е постојан претставник во ОН - Амбасадорот поднесе оставка
Постојаниот претставник на Македонија во ООН во Њујорк, амбасадорот Љубомир Фрчкоски поднесе оставка. Тој за ова ги информирал претседателката Гордана Силјановска – Давкова и Министерството за надворешни работи. Фрчкоски неодамна откако беше повикан на разговор во МНР поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото најави дека ќе поднесе оставка.
Во изјава за порталот Либертас Фрчкоски вели дека оваа негова оставка може да влијае на реализацијата на проектот „Промоција на дијалог и медијација со цел превенција на геноцид и сличните злосторства (воени злосторства и злосторства против човештвото)“.
„Македонија го предложи овој проект во ООН кој беше прифатен. Проектот по наша иницијатива е прифатен и му е одреден буџет, што е многу ретко во ситуација на финансиска криза во ООН, во одделот кој го води Г-ѓа Алис Ндериту, потсекретар и специјална советничка на генералниот секретар на ООН за превенција од геноцид (The United Nation Office on Genocide Prevention and the Responsibility to Protect – OSAPG). Цел на проектот е да се создаде прирачник (Policy Paper) кој во наша чест како иницијатори на Проектот би се нарекол Скопје (Охрид) Policy Paper (во зависност каде би се одржала Првата Конференција за негово донесување). Прирачникот ќе содржи методологија и начин на работа и начин на составување групи во рамките на ООН за медијација при идентитетски конфликти низ светот кои можат да доведат до вакви злосторства при што медијацијата треба да помогне да се избегнат трагичните исходи. По донесувањето на прирачникот треба да се создаде листа од експерти – медијатори како и листа на точки и жаришта на вакви тензии каде ќе се понуди помош и посредување од страна на ООН. Финален чин на оваа фаза на проектот е Конференција на која би се дискутирало и усвоил овој Policy Paper и планот за акција, а која би се одржала во Скопје или Охрид. Предлогот на специјалниот советник Ндериту е периодот од 16 – 27 октомври 2024 година.
Министерот за надворешни нема поим за оваа супер важна иницијатива на Македонија за која има патем куп известувања пратени од мисијата, но за која воопшто не се интересира и не комуницира. Тој има поважна работа во надворешната политика – да се занимава со сметките на амбасадите и амбасадорите. Ако оваа иницијатива пропадне поради изгубеност, незаинтересираност или лоша волја на министерот и министерството тоа ќе биде пропуштање на историска шанса за здрава промоција на земјата на клучните прашања во ООН и воедно срам за земјата која без континуитет и проценка на основа на ресентименти ја води својата надворешна политика и ја дезавуира својата политичка позиција на сериозен партнер“, изјави Фрчкоски.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион