Фридрих Еберт: Преку дијалог до решенија во интерес на граѓаните

Како да се дојде до социјална кохезија по одредени прашања кои ги засегаат граѓаните, да се предложат решенија кои потоа би станале дел од легислативата и стратешките документи, но и како тие потоа да се имплементираат со цел да се создаде подобро општество, беше темата на јавната дискусија за проектот „Градење социјална кохезија од темел - нагоре. Денот потоа“ што денеска во Скопје ја организира Фондацијата „Фридрих Еберт“.
- Потребна е тесна соработка меѓу организациите во граѓанскиот сектор, експертската фела, академската јавност, со цел да се понудат решенија кои ќе бидат прифатени на политичките партии претенденти за освојување на власта на изборите, истакна Милан Живковиќ од Фондацијата.
Процесот, додаде тој, ќе биде остварен преку комуникација и соработка со организации и индивидуи кои ќе имаат задача преку еден инклузивен пристап да креираат сет на барања во одредени области од одредени општествени, социоекономски и политички области и тие сетови барања ќе бидат доставени до политичките партии.
- Кога ќе се подготват барањата кон политичките одлучувачи ќе се побара потпис да се обврзат за нивна реализација, ќе се бара во креирањето на легислативата да се вклучи и граѓанскиот сектор, но и ќе се прави мониторирање на процесот на спроведување, истакна Живковиќ.
Значајно за постигнување решенија и за лобирање за таквите решенија, според Франк Хантке од Фондацијата Фридрих Еберт е потребен дијалог, слушање на агрументите на другиот, почитување на различното мислење и правење компромис за одредено прашање, здрав разум, кој, како што посочи, значи некаков просек во кој лежи вистинската сила.
На таков начин, истакна Хантке, ќе се дојде до таканаречен „единствен глас“ односно единствено решение за кое потоа ќе се лобира односно кое ќе се застапува. Но, како што потенцира, потребно е и да се размислува за „Денот потоа“ односно што ќе се презема откако одредени чекори ќе се направат или кога решенијата ќе се преточат во закони или стратегии и програми.
Потребно е, рече тој, тоа што е напишано и да се спроведе, односно секој да си го сработи тоа што треба, а не да чека некој друг тоа да го направи. Ако при донесувањето на решенијата се направени грешки или превиди и тоа се покаже во пракса, потенцира, тоа треба да се прифати и да се промени. Само така, потенцира тој, со кохезија и залагање на сите чинители ќе се дојде до создавање подобри услови за сите граѓани.
Ново на Сител
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
