Фрлена бомба во Косовска Митровица, најмалку едно лице е повредено
Нешто пред полноќ во северниот дел на Косовска Митровица е фрлена бомба во близина на еден од рестораните, на раскрсницата кај Техничкиот факултет. Најмалку едно лице е повредено, а екипи на косовската полиција се на терен, јавува КоССев.
Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани за Радио Контакт плус изјави дека експлозивната направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена во близина на мотелот „Бишевац“.
„Едно лице е повредено, и е во болницата во Косовска Митровица, не знаеме колкав е степенот на повредите“, изјави Ељшани.
Тој изјави дека полициски екипи се на терен и дека повеќе детали ќе се знаат уподоцна.
Присутни се полицијата и патролите на КФОР.
Во експлозијата се оштетени неколку возила.
Според информациите на порталот КоССев, две лица се повредени на местото на настанот.
Ново на Сител
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното