-->
-->
Фрлил кеса со 1 кг марихуана и тргнал да бега, приведен дилер од прилепско
-->
Вчера (22.03.2022) во 14.25 часот во Ресен, на ул. „Корчуланска“, од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен бил лишен од слобода М.З.(36) од с.Селце, прилепско.
Кај него била пронајдена ќеса со марихуана, која при обид да избега, ја фрлил. Од извршениот увид било констатирано дека во ќесата има околу 1 килограм марихуана, која била одземена, информира МВР.
Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Револуционерно откритие од Јапонија: Создадена пластика која се раствора во морска вода за само неколку часа
-

Груби денеска излегува од куќен притвор
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
