-->
-->
Фрлил торба со марихуана во Вардар па продолжил да бега со мотор на полицијата, уапсен 30 годишен скопјанец
-->
– МВР информира дека вчера, во 11.35 часот, на бул. „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при скопското СВР го лишиле од слобода Ф.И.(30) од с. Студеничани, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена торба со марихуана.
-Лицето Ф.И. со мотоцикл не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, продолжил со движење и по кратко време го оставил мотоциклот и ја фрлил торбата во реката Вардар, по што продолжил да бега. Набргу бил фатен и приведен, а торбата била пронајдена, соопштуваат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар