Македонија
11. July 2018 - 15:12

Фрлиле молотов коктел кон возило - уништен „Пасат “ во скопска Автокоманда

Оштетен автомобил во скопска Автокоманда. Според информациите на МВР, вчера  во 14,35 часот пријавено е дека на булеварот „Александар Македонски“ додека со шлеп служба се превезувало патничко моторно возило „Пасат“ со словачки национални ознаки на вештачење кон Министерството за внатрешни работи, во еден момент, две непознати лица кои биле на мотор фрлиле молотов коктел кон возилото, по што го напуштиле местото на настанот. Возилото е делумно оштетено.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.