Свет
27. December 2024 - 10:16

ФСБ: Американец осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци на руски државјани

– Американскиот државјанин Еуген Спектор е осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци за руски државјани за Пентагон, објави денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Според ФСБ, Спектор собирал и пренесувал доверливи биотехнолошки и биомедицински информации, вклучително и државни тајни, на странски субјекти поврзани со Пентагон.

Целта била да се создаде систем за генетски скрининг за руските граѓани. Спектор покрај затворската казна треба да плати и парична казна во висина од 14 милиони рубљи (134,000 евра).

Судењето се одвиваше зад затворени врати и не се познати детали од обвинението. Спектор, Американец со руско потекло, исто така беше осуден во септември 2022 година на 3,5 години затвор за корупција.