ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон, исповедникот на Путин
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила обид на украинската воена разузнавачка служба во Москва да биде убиен Тихон Шевкунов, митрополитот на Крим од Руската православна црква.
Британските медиуми пренесуваат дека засега нема реакција од Киев на ова тврдење на руската безбедносна служба.
Шевкунов, кој со години во руските медиуми е опишуван како „исповедникот на Путин“ – што тој ниту го потврди, ниту демантираше – јавно се покажува со рускиот претседател Владимир Путин од крајот на 1990-тите. Кремљ претходно соопшти дека Шевкунов и Путин добро се познаваат.
Во 2023 година, тој беше назначен за митрополит на Крим, станувајќи еден од највисоките функционери на Руската православна црква на полуостровот, што Русија го анектираше од Украина во 2014 година.
ФСБ во соопштението наведува дека уапсиле Русин и Украинец во врска со заговорот и дека е запленета импровизирана експлозивна направа. Дополнително наведуваат дека и двајцата осомничени го признале планот за атентат.
Тие додаваат дека двајцата мажи, за кои тврдат дека се регрутирани од Украина преку апликацијата Телеграм, планирале обид за атентат од средината на 2024 година и имале намера да го убијат Шевкунов во Москва.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб