ФТ: Самитот Трамп-Путин е откажан поради цвртстиот став на Русија за Украина

САД го откажаа планираниот самит меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин по цврстиот став на Русија за тврдокорните барања во врска со Украина, објави денеска „Фајненшл тајмс“ (ФТ).
Одлуката дојде по напнатиот телефонски разговор меѓу врвните дипломати на двете земји, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање.
Белата куќа сè уште не одговори на барањето за коментар, а руските владини претставници не беа веднаш достапни.
Плановите за самит во Будимпешта овој месец меѓу Трамп и Путин беа одложени откако Москва се држеше до своите барања, вклучително и Украина да отстапи повеќе територија како услов за прекин на огнот. Трамп го поддржа повикот на Украина за итен прекин на огнот на сегашните линии на фронтот.
Неколку дена откако Трамп и Путин се согласија да се сретнат во унгарскиот главен град за да разговараат за тоа како да се стави крај на војната на Русија во Украина, руското Министерство за надворешни работи испрати меморандум до Вашингтон во кој ги наведува истите барања за решавање на она што Путин го нарекува „главни причини“ за неговата инвазија, што вклучува територијални отстапки, значително намалување на вооружените сили на Украина и уверувања дека никогаш нема да се приклучи на НАТО, објави весникот.
По телефонскиот разговор меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, по кој Рубио му рече на Трамп дека Москва не е подготвена за преговори, САД го откажаа самитот, додаде извештајот на ФТ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски овој месец изјави дека иако Украина е подготвена за мировни разговори, таа нема прва да ги повлече своите трупи од дополнителна територија како што бара Москва.
Ново на Сител
-

Полицијата во Софија приведе 57 демонстранти, откриени ножеви, „боксирачи“ и пиротехника
-

Аљбан Кадриу, предложен за нов член на Судскиот совет
-

АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс
-

Руте: САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија
-

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
-

Пожар во куќа на подрачјето на Шуто Оризари, при излегување на куќата сопственикот се здобил со повреди
-

Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција
-

Опожарено возило на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени
