-->
-->
Фудбалерите на Бока преспаа во автобус пред полициска станица
-->
Фудбалерите на аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс ја минаа ноќта во автобус пред полициска станица, откако физички се пресметаа со обезбедувањето на натпреварот од Копа Либертадорес против бразилскиот клуб Атлетико Минеиро.
По завршувањето на натпреварот, на кој Атлетико триумфираше по подобро изведување пенали, фудбалерите на Бока револтирани поради поништен гол се степаа пред соблекувалната со членови на обезбедувањето.
Поради инцидентот, експедицијата на Бока Јуниорс наместо авионски да се вратии дома, со автобус беше спроведена во полициска станица во Бело Хоризонте.
Аргентинскиот амбасадор во Бразил, Даниел Скиола, објави денеска на социјалните мрежи дека фудбалерите на Бока до крајот на денот ќе се вратат дома.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
