Фудбал
28. April 2017 - 12:23

Фудбалска тепачка во Бразил

Натпреварот помеѓу Пењарол и Палмеирас, кој се одигра во рамките на четвртото коло во Копа Либертадорес, го одбележа општата тепачка помеѓу играчите и навивачите.
 
Уругвајскиот тим Пењарол по првите 45 минути имал предност од 2:0, но во вториот дел гостите од Бразил направиле целосен пресврт за 2:3.
 
По пресвртот, настанала караница меѓу фудбалерите која потоа прераснала во тепачка. Најжесток бил Фелипе Мело играчот на Палмеирас, кој е поранешен фудбалер на Фиорентина и Јувентус. Тој со тупаници го удирал играчот на Пењарол Мијеиро и тоа во моментите кога судијата означил крај на натпреварот.
 
Тепачката помеѓу фудбалерите продолжила и пред соблекувалните.
 
Насилството од теренот потоа се преселило на трибините, кога домашните навивачи почнале со разни предмети да фрлаат по навивачите на Палмеирас. 
https://