Фудбал
15. October 2022 - 19:56

Фулам се извлече против Борнмут

Фулам освои бод на домашен терен против Бормут, а Вулверхемптон со минимален резултат го победи Нотингем форест. Претходно Лестер и Кристал Палас одиграа 0:0.
 
Борнмут два пати водеше на „Крејвен котиџ“, против Фулам, но не успеа да победи. Блескаше поранешниот напаѓач на Ливерпул, Доминик Соланке со гол и асистенција.
 
Соланке погоди по само 62 секунди игра, израмни во 22.минута Диоп, а седум минути подоцна Соланке му асистираше на Лерма. Конечните 2:2, со седмиот гол во сезоната, ги постави Митровиќ од пенал.
 
На „Молину“, Вулвс кои се уште се без менаџер успеаја да го совладаат Нотингем форест со 1:0 (0:0).
 
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Рубен Невес од пенал во 56. минута.
 
Гостите имаа шанса да постигнат и гол од пенал, во 79. минута, но олманот Жозе Са лесно го одбрани ударот на Бернан Џонсон.