Фудбал
11. April 2017 - 15:34

Футсал: Македонија ја победи Данска 4-3

Футсал репрезентацијата на Македонија со победа над Данска од 4:3 го заврши настапот во квалификациската група што се играше во Казахстан. По двата пораза во првите кола, во третото коло Македонија денеска ја постигна првата победа со што го освои третото место во групата. 
 
Со исклучок на водството од 1:0 на Данска, Македонија водеше со 2:1 и 3:2, а противникот изедначуваше. До победата од 4:3 нашата репрезентација стигна со голот (стрелец Петровиќ) постигнат во 36.минута.
Головите за Македонија ги постигнаа: Еркан Сефери (два), Драган Петровиќ и Адријан Мицевски (по еден), додека за Данска головите ги постигнаа: Мадс Фалк, Брајан Менгел и Закарија Ел-Уаз. 
Во борбата за првото место во групата играат Казахстан и Чешка.