ФЗОМ објави повик за склучување договори за ортопедски помагала

Фондот за здравствено осигурување на Македонија објави јавен повик за склучување договори за издавање на ортопедски и други помагала со ортопедски куќи и здравствени установи - аптеки.
Целта, како што соопшти ФЗОМ, е да се обезбеди поголема достапност на ортопедски и други помагала за осигурениците на товар на Фондот.
На јавниот повик можат да се јавата сите заинтересирани ортопедски куќи регистрирани за промет и производство на ортопедски и други помагала и здравствени установи – аптеки, кои се вклучени во мрежата според Уредбата за мрежа на здравствени установи. Објавениот оглас е во согласност со член 130 од Законот за лековите и медицинските помагала како и член 9 став 1 под б) точка 3 и член 70 од Законот за здравствено осигурување, а во врска со член 11 од Правилникот индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала.
Заинтересираните правни субјекти може да поднесат пријава за склучување договор, а потребната документација треба да е во писмена форма и да се достави во периодот од 07.09.2016 година до 21.09.2016 година до архивата на Фондот (ул. Македонија број 5, Скопје).
Ортопедските куќи и здравствените установи - аптеки треба да исполнуваат соодветни услови и да ги имаат сите потребни документи и соодветни решенија од надлежните институции - Министерство за здравство и Агенција за лекови.
Потребнтеи документи за склучување договор за обезбедување на ортопедски и други помагала се објавени на веб страницата на Фондот на следниов линк: http://fzo.org.mk/
Огласот се однесува само за правни лица (ортопедски куќи и здравствени установи - аптеки) кои во мометот немаат активен договор за обезбедување на ортопедски и други помагала со Фондот, се наведува во соопштението од ФЗОМ.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
