Г-20 апелира за споделување на одговорноста околу бегалската криза
Бегалците претставуваат глобален проблем, и тој товар мора да се подели и распореди, се согласија лидерите на Групата 20 економски најразвиени земји во светот, на самитот кој се одржа во кинескиот град Хангжу.
„Масовното принудно раселување низ светот, без преседан, уште од Втората светска војна, особено она коешто е предизвикано од насилни конфликти, е предмет на глобална загриженост. Потребни се конкретни напори за решавањето на бегалската криза. Неопходно е товарот кој таа со себе го носи, соодветно да се подели, на секоја држава согласно своите можности“, стои во заедничкото соопштение објавено на крајот на дводневниот самит на Г-20, кој заврши вчера.
Државите членки на Г-20 опфаќаат 85 отсто од светската економија, а претставуваат две третини од светската популација. Тие практично го повторија повикот од минатогодишниот самит одржан во Турција.
Во соопштението се повикува и на дополнителни напори за изнаоѓање трајно решение.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции