Гајдов: Во 2020 година Општина Велес имала речиси 90 милиони денари за капитални инвестиции
Во 2020 година Општина Велес ги намалила односно ги свела на неопходниот минимум трошоците за репрезентација и патните трошоци, а капиталните расходи ги зголемила на 89 милиони 827 илјади денари. Овие бројки, како што вели, Ќирил Гајдов претседател на Советот на Општина Велес се добар показател за работата на Општината. Велешкиот општински совет во ворникот на 71 – та седница дал зелено светло за кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Велес во 2020 година.
-Ние сме горди затоа што имаме намалено многу ставки на расходи, а вкупните капитални расходи ги имаме покренато на 89 милиони 827 илјади, потенцира Гајдов за МИА.
Тоа, како што вели Гајдов, во услови на пандемија на Ковид е своевиден рекорд на реализација на една општина.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
