Галаб Донев: Коалициска формула за влада е неизбежна, гласањето помина мирно
Бугарските гласачи, кои учествуваа на изборите со својот глас или одбивање да гласаат, одлучија дека коалициската формула за создавање влада е неизбежна. Ова го изјави в.д. премиерот Галаб Донев пред почетокот на денешната владина седница, јави БТА.
„Гласањето беше мирно и транспарентно, согласно законот. Не беа пронајдени значителни прекршувања. Граѓаните слободно го изразуваа својот глас“, посочи Донев. Тој рече дека една од главните задачи на преодната влада беше да ги подготви и организира предвремените парламентарни избори на 2 октомври.
„Честитки за добро завршената работа на сите министри кои беа директно вклучени“, рече тој. Според Донев, слабиот одѕив на гласачите на изборите и значителното гласање за „не поддржувам никого“ се повод да се анализира и преиспита однесувањето на партиите.
„Со тоа што не поддржуваат никого или не гласаат, гласачите ги обврзуваат бугарските политичари да ја понудат својата подобра верзија. Во наредните денови претседателот ќе го свика 48. Народно собрание. И покрај општите очекувања, се надеваме дека ќе има долг живот, бидејќи најдобро ја знаеме сериозната потре ба од ефикасно работен парламент“, додаде техничкиот премиер на Бугарија.
Ново на Сител
-
По пораката на ДУИ: Подготвени ли сте?, МВР одговори: Ќе се справиме со сите предизвици за дестабилизација
-
Даути повторно одбива да го стави Законот за бранители на дневен ред
-
Ковачев: Не се потребни посредници меѓу Скопје и Софија
-
Ултрадесничарите победија на изборите во Австрија
-
Врие од корупција во јавните набавки покажува истражувањето на ЦГК
-
ДСЗИ во вонреден надзор во кумановската болница, Обвинителството ја чека обдукцијата на 31-годишната родилка
-
Родова или полова рамноправност - Дали е сеедно?
-
Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2,500 денари