Галуп: Секој четврти Бугарин сака да емигрира во друга држава
Секој четврти Бугарин би заминал да живее во друга држава доколку ги има сите потребни документи за тоа, покажува студијата на Галуп интернешнал. Само осум отсто се двоумат додека 67 отсто би останале да живеат во најсиромашната држава од Европската унија.
Сепак, останатите се категорични - доколку имаа можност би ја напуштиле Бугарија, се наведува во резултати од анкетата.
Анкетата е спроведена во 57 држави.
Блиски до бугарските ставови се земји како Шпанија (27 отсто), Холандија (29 отсто), Шведска (23 отсто) и Австрија (23 отсто).
Во ЕУ секој трет би сакал да живее во друга земја, доколку тоа е можно, додека 59 отсто од Европејците претпочитаат да останат во државата во која се наоѓаат сега.
Објаснувањето за ставовите за Бугарија, коментираат од Галуп, делумно може да се должи на долгата децениска миграција во земји од Западна Европа и Северна Америка од 90-тите години на минатиот век.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица