Гаранција од Гарантниот фонд до 50 проценти од износот на кредитот за извоз преку Развојната банка
Големите домашни извозни компании со доминантна приватна сопственост кои реализирале најмалку 30 проценти од своите приходи од извоз во последната фискална година можат да добијат гаранција до 50 проценти од износот на кредитот за извоз.
Од Развојната банка денеска информираа дека со гаранцијата може да бидат покриени кредити чиј износ се движи од 3.075.000 денари до 30.000.000 денари.
Барањето за издавање на индивидуална гаранција може да се поднесе директно до Развојната банка, а достапно е и на веб страницата на банката под Производи – Гаранции. По добивање на барањето, тоа се процесира и се издава индивидуална гаранција од Гарантниот фонд кон онаа банка или штедилница од која компанијата ќе го земе кредитот.
– На овој начин, преку гаранција од Гарантен фонд до 50 проценти од износот на кредит за извоз, се обезбедува значителна поддршка на извозниците во насока на обезбедување дел од колатералот за кредит. Како обезбедување за индивидуалната гаранција се користи меница, велат од Развојната банка.
Гаранцијата може да се движи од 1,5 милиони денари до 15 милиони денари и е овозможена преку воспоставувањето на кредитно-гарантна шема поддржана од државата.
Со дополнување на Законот за Развојна банка на Македонија се формираше Гарантен фонд како посебна организациска единица. За Гарантниот фонд иницијално се одвоени средства во износ од 10 милиони евра, со што ќе може да се гарантираат кредити во вкупен износ до 100 милиони евра. Во текот на 2021 година е предвидено зголемување на расположливите средства на Гарантниот фонд за дополнителни пет милиони евра, со што ќе може да се гарантираат кредити во вкупен износ до 150 милиони евра.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање