Гари Каспаров: Војната во Украина несомнено стана пресвртница во историјата

Поранешниот светски шаховски првак, експерт за вештачка интелигенција и критичар на режимот во Кремљ, Гари Каспаров, изјави дека војната во Украина несомнено стана пресвртница во историјата, јави дописникот на МИА од Софија.
Каспаров, кој учествуваше на конференцијата во Софија за прашањата на одбраната и кибер-безбедноста на земјите од Југоисточна Европа, рече дека тоа е важна лекција и треба да биде потсетник за способноста на слободните луѓе да одговорат на сите предизвици. Според него, на почетокот на воените акции во Украина, Русија извршила масовен напад на сите фронтови – воена офанзива и кибер-напад од големи размери. Каспаров нагласи дека кибер-војната не треба да се одвојува од реалните воени операции.
– Војната во Украина се води и онлајн и офлајн, демонстрирајќи ги предностите на слободниот свет, рече тој. Форумот е организиран од израелската платформа ImImprovate, а домаќин е Росен Плевнелиев, претседател на Бугарија (2012 – 2017), кој е во советодавниот одбор на платформата.
Ново на Сител
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
