-->
-->
Гарсија сменет, Спалети нов тренер на Рома
-->

Францускиот стратег Руди Гарсија (51) повеќе не е тренер на фудбалерите на Рома. Гарсија изминатите месеци се наоѓаше под жестоки критики на јавноста и навивачите на ‘волчицата’, по што претседателот Џејмс Палота реши да му врачи отказ.
Гарсија на клупата на Рома мина две и пол години, тој во првите две сезони го освојуваше второто место во Серија А, но оваа сезона апетитите на навивачите и раководството пораснаа верувајќи дека Рома може да стигне до шампионската титула.
Сепак, Рома игра под сите очекувања, во првенството се наоѓа на петтото место со 34 бодови, седум помалку од лидерот Наполи, а со многу среќа се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите, каде за противник ќе го има Реал Мадрид.
Италијанските медиуми јавуваат дека Гарсија ќе го наследи Лучано Спалети кој во периодот од 2005 до 2009 година беше тренер на Рома.
Спалети со Рома освои две титули во Купот на Италија, а потоа се пресели во Зенит во Русија, каде освои две шампионски титули и еден Куп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
