Гаши: Ако Заев има искрена желба да ја спаси државата од овој грч, ќе му помогнеме
Алтернатива ќе се води од очекувањата на своите гласачи, интересите на Албанците во Македонија, како и државните интереси кои се тесно поврзани со нашите партиски и национални цели. Ако во преговорите видиме дека Зоран Заев навистина има искрена желба да ја спаси државата од овој грч, ќе се обидеме да му помогнеме. Длабоко сме заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за решавање на спорот со Бугарија и за политичка и економска стабилност.
Ова во интервју за белградска „Политика“ го истакнува Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, која вечерва на состанок на раководството треба да донесе одлука дали ќе се приклучи на парламентарното мнозинство и во владината коалиција или ќе остане во опозиција.
– Ние не покажавме интерес за влез во владата. Но, бидејќи сме во позиција во која од нас зависи блиската иднина на државата, се договоривме да разговараме со Зоран Заев, премиерот во оставка, да го слушнеме неговиот концепт за нова влада, да разговараме како Алтернативата може да помогне. Но, ако СДСМ и ДУИ сакаат само четири пратенички гласа, а не сакаат нашите програмски определби да бидат ставени во владината програма и ако не се подготвени да воспостават рамнотежа меѓу политичките актери на власт, ние немаме посебен интерес да влеземе во таа влада. Затоа, не можам да го прејудицирам исходот, вели Гаши.
За релациите со ВМРО-ДПМНЕ, пак, лидерот на Алернативна посочи дека комуникацијата е на ниво на опозициски партии во рамки на договорот за меѓусебна поддршка на локалните избори.
– Ќе имаме соработка со ВМРО-ДПМНЕ во повеќе општини меѓу кои и Скопје. Бевме заинтересирани да ја урнеме оваа власт, што, за жал, не се случи, од веќе познати причини, вели Африм Гаши за „Политика“.
Ново на Сител
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек