Гаши: Граѓаните на 11 јануари масовно да излезат на гласање во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска го потпиша актот за одржување на повторени избори за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа. Изборите ќе се одржат на 11 јануари 2026 година, во согласност со Уставот, Изборниот законик и соодветното законодавство.
Во писмена изјава за повторните избори за градоначалници во овие четири општини Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа, претседателот на Собранието Гаши посочува дека со стапувањето во сила на овој акт, надлежните институции започнуваат со спроведување на законските рокови и процедури.
- Упатувам повик до Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, како и до набљудувачките организации да постапуваат совесно, транспарентно и професионално. Ги повикувам сите политички субјекти и кандидатите учесници во овој процес да водат мирен, фер и демократски изборен процес, со почитување на изборните стандарди и европските вредности, вели Гаши.
Претседателот на Собранието ги повика граѓаните на 11 јануари масовно да учествуваат и да го остварат своето право на изборите.
- Исто така, им се обраќам на граѓаните на овие општини да го остварат своето право и масовно да учествуваат на гласањето. Повторувањето на изборите ја потврдува важноста на учеството на секој граѓанин во локалното одлучување и во зајакнувањето на институционалниот легитимитет, рече Гаши.
Собранието, завршува тој, останува посветено на редовните демократски процеси и на консолидирањето на институциите на државата.
Во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа изборите мора да се повторат бидејќи на 19 октомври, на гласање не излегоа доволен број граѓани.
МИА
Ново на Сител
-

Иран: Американските мерки во Ормуска Теснина се „пиратство“
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
-

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
-

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
