Гаши се поправи: Мојата татковина е Северна Македонија
Гаши денеска преку социјалните медиуми го кажа неговиот став во врска со изјавата наводно дадена за косовски медиум дека негова татковина е Косово, со цел да ја расчисти ситуацијата.
- Во однос на прашањето за мојата татковина, свесен сум за обвинувањата и искривувањата од различни медиуми кои се обидуваат да привлечат внимание. Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија, вели новиот собраниски спикер во објавата на неговиот фејсбук-профил.
Тој додаде дека неговата точна изјава во интервјуто била дека „Косово е родно место или татковина на неговите родители и дека тој го почитува како такво заради нив“.
Мандатарот и иден премиер Христијан Мицкоски вчера, по новинарско прашање, истакна дека не ја слушнал изјавата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, но доколку навистина изјавил дека неговата татковина е Косово, треба да се извини на граѓаните.
Ново на Сител
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање
-
Белорусија стана партнер на БРИКС
-
Тешка сообраќајна несреќа во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-
Влегол во Македонија преку див премин - Приведен грк на ГП Богородица
-
Пронајдени боксирач и два ножеви, приведени две лица меѓу нив и малолетник
-
Три рибарски мрежи и 56 парчиња Охридска белвица пронајдени во полициска акција во Струга
-
Приведен осомничен крадец во Куманово