Гаши за оставките на членови од партијата: Се работи за членови кои подолг период не се дел од Алтернатива

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши, денеска на прес-конференција, коментирајќи го соопштението испратено до медиумите дека две третини од членовите на огранокот на партијата во Чаир се откажуваат од партијата, на рече дека се работи за членови кои подолг период не се дел од Алтернатива.
-Јас можам да зборувам само за членови на Алтернатива. Но, во принцип едно треба да се знае. Во пресрет на претстојните избори гледате дека се работи за два блока во албанскиот политички табор. Секој граѓанин, секој активист има право да избере дали да биде со опозицискиот или мнозинскиот табор. Затоа, не сакам кон никого да имам предрасуди, сите движења што ќе се прават од сега до изборите ќе бидат само во оваа функција. Тие што сакаат да бидат со опозицијата и сакаат промени доаѓаат кај нас, а тие што сакаат да останат и да ја продолжат оваа корумпирана власт со сите овие тешки стандарди за граѓаните ќе одат таму. Во овој дух го гледам и вчерашното движење, изјави Гаши.
Огранокот на Алтернатива - Чаир во писмо до медиуми соопшти дека две третини од членовите на огранокот се откажуваат од партијата, поради како што наведуваат, „акумулираното незадоволство од некои членови кои ја узурпирале партијата“.
-Вечерва, ние членовите на огранокот на Алтернатива - Чаир, две третини од членовите на огранското собрание, симпатизери и поддржувачи, се собравме овде да ја изразиме нашата загриженост во врска со незадоволствата наталожени во текот на овие месеци во нашиот огранок, но не се само овие причини. И покрај фактите и некои обиди за синхронизирање и усогласување на огранокот, внатрешни разговори меѓу нашите членови - принудени сме да кажеме дека проблемите во огранокот Чаири се акумулација на револтот на нашите членови, веќе 15 месеци. Иако нашата надеж до овој момент беше дека ќе постигнеме компромис меѓу членовите на огранокот, тоа за жал не се случи - додека виновниците за ова сега се познати и носат печат на две-три лица кои узурпираа и непотизираа се во партијата, се наведува во соопштението од Огранокот на Алтернатива во Чаир.
Тие, како што наведоа, донеле одлука две третини да поднесат оставки од партиски органи, осум членови на Централното претседателство да ја запрат дејноста во огранокот, раководителите на соодветните подружници заедно со нивните членови да се повлечат од огранокот Чаир.
Ново на Сител
-

Полициска потрага во кипарскиот град Лимасол по лицето кое го фатило светиот крст и побегнало
-

ЕК не го признава легитимитетот на Делси Родригез, но ќе се ангажира со венецуелските власти
-

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра
-

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026
-

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
-

На ГП „Блато“ приведен албански државјанин, се запалило и возило во колона
-

Во опожарениот бар во Кран Монтана од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност
-

Приведен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“
