-->
-->
Гасперини: Заслуживме нешто повеќе од реми со Интер
-->
– Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не е во целост задоволен од нерешениот исход синоќа во дербито со Интер.
Во натпреварот од 22. коло на италијанското првенство Аталанта и Интер во Бергамо одиграа нерешено, 0:0.
– Игравме многу добро. Беше тежок натпревар, но со нив игравме рамноправно. Мислам дека направивме малку повеќе од нив, бидејќи Интер седеше многу длабоко и чекаше да направиме грешка за да ги пробие нашите редови. Користеа двајца нови напаѓачи и мислам дека генерално заслужуваме нешто повеќе, изјави Гасперини.
Интер е прв на табелата во Серија А со 50 бодови, додека Аталанта е четврта со 42 бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал