„Газпром“: Просечна извозна цена на гасот од 230 до 250 долари
Просечната извозна цена на гасот на „Газпром“ би можела да се движи од 230 до 250 американски долари за 1.000 кубни метри гас во 2019 година, изјави денеска генералната директорка на компанијата „Газпром Експорт“, Елена Бурмистрова.
– Сакам да ве потсетам дека цената за 1.000 кубни метри во 2016 година изнесуваше 167 долари, во 2017 година беше 197 долари, а во 2018 година веќе 245,5 долари. Во моментов воочуваме мал пад на цената, но ако ги погледнеме најновите податоци од пазарот, предвидувам дека овогодинешната цена ќе биде од 230 до 250 долари, истакна Бурмистрова.
Таа, исто така, наведе дека просечната извозна цена на гасот на „Газпром“ пораснала за 24,6 отсто во 2018 година и дека достигнала 245,5 долари за 1.000 кубни метри.
Членот на Управниот одбор на таа компанија Олег Аксјустин наведе дека „Газпром“ го зголемил својот удел на европскиот пазар на 36,7 отсто во 2018 година од 34,7 отсто од 2017 година.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист