Свет
14. July 2022 - 8:27

„Газпром“ соопшти дека не може да гарантира добро функционирање на гасоводот „Северен тек“

Дури и пред „Северен тек 1“ да биде затворен поради ремонт, Русија значително го намали снабдувањето со гас во последните неколку недели, оправдувајќи го со недостигот на турбини на Сименс, кои ѝ се потребни на Русија за работа на станиците за компресија на гасоводот и чиишто делови беа испратени во Канада за поправка.

– Газпром во моментов нема никаков документ што би му дозволил на Сименс да го изнесе од Канада турбинскиот мотор за станицата за компресија Портоваја, соопшти Газпром и додаде дека во такви услови е невозможно да се потврди безбедното работење на таа станица за компресија, која е неопходна за гасоводот Северен тек.

Канада во саботата соопшти дека на Германија ќе и ги врати турбините на „Северен тек“ и покрај воведените санкции против Русија.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера изјави дека одлуката е тешка, но додаде дека санкциите се воведени за да се казнат Владимир Путин и неговите пријатели, а не канадските сојузници и жителите на Европа.