Гебрејесус: Масовната употреба на трета доза вакцина против коронавирус е скандалозна
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ја критикуваше масовната употреба на трета доза на вакцина против коронавирус во услови на ниско ниво на вакцинација во земјите со низок приход по глава на жител.
За време на денешниот брифинг во Женева, тој го опиша како скандалозен фактот што дневниот број на испорачани засилувачки вакцини е шест пати поголем од бројот на луѓе кои примиле прва доза во земјите со ниски приходи.
Според него, „нема смисла да се даваат трети дози на здрави луѓе или да се вакцинираат деца кога, истовремено, здравствени работници, повозрасни лица и луѓето од други ранливи групи сè уште ја чекаат својата прва доза“. Исклучок се луѓето со ослабен имунитет.
Гебрејесус нагласи дека „земјите со највисоко ниво на вакцинација продолжуваат да складираат уште повеќе вакцини против Ковид-19, додека земјите со ниски приходи продолжуваат да чекаат“.
Има само две земји во светот кои се уште не започнале со вакцинација – Еритреја и Северна Кореја.
Генералниот директор на СЗО потсети дека организацијата има поставено цел до крајот на оваа година да достигне најмалку 40 отсто вакцинирано население против коронавирус во сите земји низ светот.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите