Генчовска пред бугарските пратеници реферира за Mакедонија
Народното собрание на Бугарија започна со сослушување на министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска за процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и одлуката за одобрување рамката за преговори, јави дописникот на МИА од Софија.
Сослушувањето предизвика спор меѓу „Промената продолжува“, ГЕРБ и „Има таков народ“. Од „Има таков народ“ предложија затворена седница за да може бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска да им соопшти на пратениците тајни белешки за разговори меѓу претставници на бугарската влада и дипломати.
Подоцна, координаторот на пратеничката група на „Промената продолжува“ Андреј Ѓуров пред новинарите изјави дека предлагаат седницата да биде отворена за да можат сите бугарски граѓани да ја дознаат вистината за Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
