Генерал-мајор Нуредин на годишна конференција на процесот СЕДМ
Заменикот на началникот на Генералштабот (ЗНГШ) на АРМ генерал-мајор Азим Нуредин учествува на годишниот состанок на замениците на началници на генералштабови, во рамки на процесот на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ) кој се одржува денеска во Атина.
Како што информира ГШ на АРМ, за време на состанокот се презентирале позначајните активности на СЕДМ процесот во изминатата година, активностите на бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), како дел од овој процес чија суштина е меѓусебно јакнење на разбирањето и политичко-воената соработка во регионот со цел подобрување на стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа.
На состанокот се разгледале актуелните безбедносни ризици со кои се соочуваат државите во регионот и потребата од заеднички координиран настап, како и активностите на претстојната симулациска вежба „СЕСИМ-18“ на армиите на земјите членки на СЕДМ која ќе се одржи во ноември во Истанбул.
Генералот Нуредин во своето обраќање го повторил ставот дека заеднички, со координирани и регионални дизајнирани мерки и активности, со јасно дефинирани цели, одговорности и задачи може да се успее во справувањето со современите безбедносни закани. Тој истакнал дека Република Македонија почитувајќи и споделувајќи ги евро-атлантските стратегиски и одбранбени принципи е подготвена за полноправно членство во НАТО.
СЕДМ процесот првпат беше инициран од Соединетите Американски Држави во 1996 година во Тирана, со цел јакнење на разбирањето, политичко-воената соработка и подобрување на стабилноста и безбедноста во регионот со целосна посветеност на принципите на сувереност и територијален интегритет на сите земји членки.
Бригадата „СЕЕБРИГ“ во која Армијата на Република Македонија учествува со декларирани состави во јачина на инженериски и пешадиски вод и штабни офицери, е активен придонесувач на соработката во Југоисточна Европа, но и пошироко со учество во мировните мисии.
Во СЕДМ иницијативата партиципираат Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Грузија, Италија, Македонија, Романија, САД, Словенија, Србија, Турција, Украина, Хрватска и Црна Гора, а Молдавија има статус на набљудувач. АРМ во јуни 2019 година ќе биде домаќин на следниот годишен состанок на замениците на началници на генералштабови.
Ново на Сител
-
Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите залудно бараа вклучување во програмата
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка