-->
-->
Генерален штрајк на приватниот сектор во Грција на 8 декември
-->
Вработените во приватниот сектор во Грција најавија 24-часовен генерален штрајк на 8 декември во знак на протест поради строгите владини мерки на штедење, пишува весникот „Катимерини“.
Одлуката за штрајкот е донесена од синдикалната организација ГСЕЕ, кој во своето соопштение предупредува дека ќе бидат искористени сите средства и можности со цел да се прекинат „криминалните“ мерки, кои водат кон сиромаштија.
Според синдикатот, луѓето ќе се борат против политиките, кои ги уништуваат општеството и економијата и тоа е единствената можност да се спречат строгите мерки за штедење, даночните давачки, социјални намалувања и уништување на осигурителните права на работниците.
-->
-->
-->