Генералниот секретар на ОН побара од САД и Иран да продолжат со мировни преговори

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика САД и Иран да ги обноват мировните разговори и да вложат сериозни напори за постигнување трајно решение за блискоисточнот конфликт.
„По недели уништување и страдање, јасно е дека нема воено решение за актуелниот конфликт“, напиша Гутереш на социјалната мрежа Икс, повикувајќи на продолжување на преговорите.
Тој нагласи дека актуелното двонеделно примирје мора целосно да се почитува и додаде дека сите прекршувања треба веднаш да престанат.
Гутереш истакна дека сите страни во конфликтот мора да ја почитуваат слободата на пловидба, вклучително и низ Ормускиот теснец, согласно меѓународното право.
Во меѓувреме, САД од вчера воведоа поморска блокада на теснецот, а претседателот Доналд Трамп предупреди на можност од воени интервенции против ирански бродови.
Од Централна команда на САД соопштија дека ќе биде ограничен транзитот на одредени бродови низ таа стратешка поморска рута, при што мерките се однесуваат на пловила поврзани со ирански пристаништа во Персискиот Залив и Оманскиот Залив, додека останатиот поморски сообраќај не е засегнат.
Техеран таквите потези на Вашингтон ги оцени како „пиратство“.
Блокадата беше најавена по неуспехот на 21-часовните разговори меѓу САД и Иран, одржани во Пакистан.
Ормускиот теснец, што се наоѓа меѓу Иран и Оман, претставува една од најкритичните поморски рути за глобалната трговија со нафта.
По избувнувањето на конфликтот на 28 февруари, Техеран практично го блокираше теснецот, што доведе до прекин во поморскиот сообраќај и раст на цените на енергенсите на светскиот пазар.
МИА
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
