Георгиевски: Блокадата на ребалансот на буџетот ја закочува работата на општината, наштетувајќи на граѓаните
Со советниците сме од различни политички опции, но кога се работи за интересот на граѓаните нема и не смее да постои политика. Препукнувањата и политичките поени не смеат да бидат на штета на граѓаните. Тој еден советник повеќе значи одговорност повеќе, а не можност за блокади и уцени. Јас сум градоначалник на сите граѓани. Останувам посветен на сите проекти кои сме ги ветиле и сакаме да ги реализираме, изјави денеска градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски.
Тој информира дека Општина Гази Баба веќе четврта недела се соочува со „неразбирлива блокада“ за носењето на предложениот ребаланс на буџетот од мнозинството во Советот, кој брои 27 членови. Од нив 14 советници се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а 13 советници од СДСМ и коалицијата.
– Блокадата на ребалансот значи и блокада на новите средства во буџетот. Средства наменети за капитални проекти. Проширување на локалниот пат Раштак – Бутел во должина од пет километри и изградба на потпорен ѕид, изградба на локален пат во Булачани и Виниче. Комплетна реконструкција на патот Хиподром – Илинден. Уредување на каналот во населеното место Синѓелиќ. Со блокадата на ребалансот се блокира и изградбата на инфраструктурата во новата населба Хиподром 2. Блокирана е изградбата на канализациска мрежа во Страчинци, Економија, Попово Мало, Идризово, вакуум канализацијата во Јурумлери, како и продолжувањето на канализациската мрежа и приклучоците кон неа во Трубарево, рече Георгиевски.
Тој информира дека на 25. седница на Советот, закажана на 21 јуни 2019 година, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ немала никакви забелешки, ниту при координациите, ниту при расправата на комисиите. Тие, како што рече, од за нив познати причини со својот советник ги тргнаа од дневниот ред точките поврзани со предложениот ребаланс.
– Никакви предлози, ниту забелешки немаа ниту на следната 26-та седница на која повторно го блокираа предложениот ребаланс. Според нив, буџетот не бил развоен и се крателе средства од него. Се префрлале за непродуктивни трошоци на општината, рече Георгиевски.
Сите овие обвинувања, како што рече, се празни, бидејќи имаат само една цел, да се блокира носењето на ребалансот на буџетот и да се закочи работата на општината. Тој додаде дека првпат од постоењето на Општина Гази Баба, буџетот се зголемува за дополнителни 72 милиони денари и не се крати.
Георгиевски изјави дека согласно неговите надлежности неколку пати се обидел и апелирал до советниците од мнозинството да ги надминат несогласувањата.
Ново на Сител
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите