Георгиевски: Исплатени 1,3 милијарди денари субвенции за 17.000 тутунари
Владата предводена од СДСМ во време на светска економска и енергетска криза, постојано води грижа за земјоделците и инвестира во домашното земјоделско производство.
Заврши целосната исплата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари или над 20 милиони евра на сметките на 17.000 тутунопроизводители.
Процедурата со која тутунарите ја добија оваа финансиската поддршка започна веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во законот за земјоделство и рурален развој, преку одложувањето на обврската кон УЈП.
Дополнително, со измените на Законот за земјоделство и рурален развој од оваа година за првпат започнува авансна исплата на субвенциите, што е особено важно во време на глобална економска криза.
Во период кога сите држави се трудат да го зголемат своето земјоделско производство, земјоделците не смеат да бидат предмет на блокади и политички игри како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ со измените на Законот за земјоделство и рурален развој.
Тоа ја покажува деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ преку секакви средства ја блокираат државата, притоа директно нанесувајќи шетета на земјоделците.
Од друга страна, Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство водат грижа и даваат поддршка за сите земјоделци.
Ново на Сител
-
Прилепчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта и со активна забрана за управување возило
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес
-
Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск
-
Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск
-
Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина