Герапетритис преку писмо ги потсетува грчките Министерства за промената на документите на Македонија
Преку циркуларно писмо испратено до сите грчки Министерства, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, „потсетува дека на 12 февруари 2024 година истекува петгодишниот „технички“ преоден период предвиден во член 1, став 10 од Договорот од Преспа“ во однос на документите за меѓународна употреба на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Циркуларот што го објави порталот „ТВ Без граници“, од грчкото МНР е испратен до 19-те Министерства во Грција.
-Од 13 февруари 2024, сите официјални документи и материјали на Северна Македонија за меѓународна употреба, односно пасоши, лични карти, возачки дозволи, документи за патнички и товарен транспорт, регистарски таблички, потврди итн., ќе треба да ја имаат само терминологијата од член 1 (3) од Договорот од Преспа. Во спротивно, нема да бидат прифатени од грчките власти, пишува во циркуларното писмо.
Шефот на грчката дипломатија посочува дека регистарските таблички на возилата треба да ја имаат ознаката „NMK“ или „NM“.
До сите Министерства апелира да ги преземат сите потребни дејствија за да ги информираат Секретаријатите, Директоратите и службите, како и управите, организациите и сл. под нивна надлежност.
Паралелно писмото содржи и информации на три јазици, грчки, англиски и француски, за уставното име во целина (Република Северна Македонија), за краткото име (Северна Македонија), државјанството (македонско/граѓанин на Република Северна Македонија) и кодовите на земјата („NMK“ или „NM“ за регистарските таблици на возилата и „MK“ и „MKD“ за друга употреба).
Ново на Сител
-
Нови 2.726 случаи на заболени од грип изминатата недела, намалување за 5,3 проценти во однос на претходната недела
-
Вреди: М-НАВ - фамилијарна пирамида на ДУИ каде со правилно презиме се добива дебела плата
-
Утре и во сабота стабилно со многу ниски утрински температури, од недела наоблачување
-
Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож
-
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
-
Мицкоски во САД
-
Владина иницијатива за разрешување на Коцевски