Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja
Во тек се активностите за целосно расчистување на дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец. Ангажирана е соодветна механизација и камиони за отстранување на отпадот, меѓу кој има токсични материјали, азбестни плочи и друг опасен отпад што претставува сериозна закана за здравјето на жителите и животната средина.
Местото подолг период било користено како магацин-депонија од несовесни лица, каде во непосредна близина на станбени згради и спортското игралиште во рамки на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се складирале различни видови отпад.
Ваквите диви депонии претставуваат сериозен ризик за околината, бидејќи се потенцијален извор на заразни болести и појава на штетни инсекти и глодари.
„Се работи за дива депонија која со години наназад била заградена и присвоена, невидлива за граѓаните, а во неа се складирал секаков вид отпад. Нашите инспекции лоцираа и други слични диви депонии и смет во околината. Планираме нивно целосно отстранување и уредување на просторот“, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
По целосното расчистување, просторот ќе биде дезинфициран и уреден за да се спречи понатамошно загрозување на здравјето на жителите и да се обезбеди чиста и безбедна околина.
Ново на Сител
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини