Германија ги испрати првите авиони „торнадо“ во мисијата против ИД

Германија денеска во Турција испрати два извидувачки авиона „Торнадо“ и 40 војници, како поддршка на борбата против екстремистичката групација Исламска држава во Сирија, соопшти германската војска.
Припадниците на 51. дивизија Имелман ја напуштија изутринава базата Јагел во северна Германија со авионот „А400М“, придружуван од два авиона „Торнадо“. Авионот за дополнување на гориво „А310МРТ“ посебно е испратен од базата „Келн Ван“ во воздухопловната база „Инџирлик“ во Турција.
Германските пратеници одобрија минатиот петок распоредување до 1.200 воени лица и авиони, кои ќе се приклучат кон меѓународните воени операции против ИД, како поддршка за Франција по терористичките напади од 13 ноември.
Укажувајќи на важноста на денешниот настан премиерот на германската сојузна држава Шлезвиг-Холштајн, Торстен Албиг на церемонијата на испраќање изјави дека „иднината на Европа зависи од пријателството меѓу Германија и Франција“.
Берлин пред два дена соопшти дека ќе испрати фрегата, како поддршка на францускиот носач на авиони Шарл де Гол во источниот дел на Средоземното Море.
Германија не планира да се вклучи во кампањата за воздушни напади, за разлика од Франција, САД и Велика Британија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
