-->
-->
Германија ги отфрли обвинувањата од Полска
-->
Германската Влада ги отфрли барањата на официјална Варшава и одби да преземе какви било чекори во врска со маската на карневалот во Дизелдорф која што според полската влада била навредлива, јави дописникот на МИА од Берлин.
Полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашиковски вчера изјави дека маската на која во Дизелдроф лидерот на владејачката партија „Правда и Право“ Јарослав Качински е прикажан како гази женска фигура (Полска) која што крвари е непочитување на Полјаците и полските политичари.
Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт денеска во Берлин изјави дека во Германија „постои слобода на изразување и слобода на уметноста“ и рече дека е „далеку од умот“ германската Влада да ги санкционира авторите на спорната карневалска маска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови