Германија го укинува задолжителниот ПЦР тест за патници од ризични подрачја
Германија ќе ги укине задолжителните тестови за коронавирус за патниците кои се враќаат од области со висок ризик во странство и ќе се фокусира на тестирање лица со симптоми или на оние кои биле во контакт со Ковид-19, изјави министерот за здравство Јенс Шпан. Тој рече дека за време на летните одмори, бројот на тестови во Германија речиси двојно се зголемил, на 900.000 неделно, делумно за да се идентификуваат луѓето кои се заразиле во странство.
Досега, на луѓето кои се враќаа од епидемиолошки ризични области им беше овозможено бесплатно тестирање на германските гранични премини, со цел да избегнатт задолжителен двонеделен карантин ако се негативни на тестот.
Патниците кои се враќаат од подрачја со висок ризик, каде спаѓаат повеќето земји надвор од Европската унија и некои региони во рамките на неа, во иднина ќе треба да одат во задолжителен карантин најмалку но е отсега да не е бесплатен, освен ако не го побарал лекар.
Министерот Шпан не соопшти кога ќе се смени стратегијата за тестирање, но одлуката најверојатно ќе биде донесена утре на состанокот на канцеларката Ангела Меркел и гувернерите на сите 16 провинции.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје