Германија им одобри на вооружените сили да достават помош за Газа од воздух
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус даде зелено светло за воздухопловните сили на земјата од воздух да достават итно потребни производи за Појасот Газа, приклучувајќи се на неколку други земји кои фрлија помош од воздух на опколената палестинска територија.
Писториус денеска потпишал соодветна наредба до германските вооружени сили, Бундесверот, дознава ДПА.
На луѓето во Газа им недостасуваат најосновните потреби. Ние сакаме да го направиме нашиот дел за да им обезбедиме пристап до храна и лекови, рече Писториус.
Бундесверот ќе обезбеди два транспортни авиони Ц-130 Херкулес, од кои секој може да транспортира до 18 тони товар, информира тој.
Вистината е дека доставата од воздух не е без опасност. Екипите назначени за оваа задача се обучени и високо искусни за операцијата, додаде Писториус.
Началникот на германските воздухопловни сили, генерал-полковник Инго Герхарц, во меѓувреме издаде специјална дозвола со која се одобрува доставата од воздух.
Со денешната одлука Германија се приклучува на иницијативата покрената од Јордан за снабдување на жителите на Газа со помош од воздух во која, меѓу другите, учествуваат и САД и Франција.
Ново на Сител
-
30-годишна струмичанка нападната од женско лице по недоразбирање во сообраќајот
-
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица
-
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари
-
Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага
-
Полицијата трага по двајца штитеници од Јавната установа за згрижување деца
-
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна
-
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад