Германија ја стопира обуката на пешмергите во Ирачки Курдистан
Германија ќе ја стопира својата мисија за обука на пешмергите во северен Ирак поради судирите меѓу Курдите и ирачката Влада, изјави денеска германската министерка за одбрана Урсула вон дер Лејен.
Германија досега беше главен партнер на ирачките Курди, која достави 32.000 парчиња автоматско оружје, како и друг вид оружје во вредност од околу 90 милиони евра од септември 2014 година.
Околу 130 германски војници се стационирани во главниот град на Ирачки Курдистан, Ербил, каде се обучуваат курдските борци.
Германската Влада денеска усвои тримесечно продолжување на седум мисии на германската армија во странство, но ја стопира обуката за курдските борци, бидејќи сака „да осигура единство на Ирак“.
- Минатиот петок се согласивме со Канцеларијата за надворешни работи да паузираме со обуката со цел да не испратиме каков било погрешен сигнал, наведе Лејен.
Таа додаде дека германската мисија за снабдување и обука на Курдите за борба против Исламска држава е потребна и исправна.
- Не заборавивме што беше во 2014 година кога Исламска држава се обиде да изврши геноцид врз Јазидите и тоа на околу десет километри од Багдад, потенцира Лејен.
Стопирањето на германската обуката на пешмергите е привремена и ќе зависи од состојбатра во Ирак.
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие