Германија ќе издвои 750 милиони евра за вакцина против Ковид-19
Германската Влада стави на располагање 750 милиони евра за да го забрза процесот на производството и развој на вакцина против новиот коронавирус.
Германската министерка за образование и развој, Ања Карлицек, истакна дека речиси 500 милиони евра од буџетот ќе бидат наменети за научни студии и испитувања за вакцината, додека 250 милиони евра ќе бидат наменети за проширување на производствениот капацитет во Германија.
Голем број универзитети и компании ширум светот, вклучувајќи ја и Германија, брзаат да развијат вакцина против Ковид-19, што е предизвикан од пандемијата.
Научниците од САД и Велика Британија идентификуваа стотици мутации на коронавирус, што ја предизвикуваат болеста Ковид-19, но никој се уште не утврди што тоа ќе значи за ширење на вирусот меѓу популацијата и колку ќе биде ефективна вакцината.
Во Германија, повеќе од 170.000 луѓе се заразени со новиот коронавирус, а најмалку 7.484 лица починаа од почетокот на епидемијата.
Ново на Сител
-
Парада на гордоста
-
Почна расправата за новата влада
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Почна расправата за избор на новата влада
-
Високите температури направија хаос на Задушница: Луѓето со часови чекале автобус за да отидат на гробишта
-
Се води битка со пожарите
-
Анализа: Како се случи енергетскиот колапс во регионот?
-
Колку ќе заштеди здравството со укинувањето на организациските директори?