Германија може да го ограничи местото на живеење на мигрантите

Доколку со тоа помогне во нивната интеграција, германските власти можат да наложaт ограничување на местото на живеење на некои од мигрантите. Со решението на Европскот Суд на правдата во специфични услови Германија може да им наложи на некои од мигрантите да живеат во, од државата, определени локации.
Решението доаѓа по тужбата од двајца Сиријци кои што во Германија пристигнале во 1998 и 2001 година и со него Германија може на луѓе со статус „хуманитарна заштита“ што е едно ниво пониско од статусот бегалец може да им наложи каде да живеат, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според судот доколку целта на мерката на ограничување на локацијата на сместувањето е во корист на нивна побрза и поефиканска интеграција не е спротивна на правилата на Европската унија, пресуди Европскиот суд на правдата.
Според судот оваа мерка германските и другите власти можат да ја спроведат само во одредени случаи. Според судот најголемиот број на бегалци можат слободно да се движат во земјите кои што им дале статус на бегалци и притоа можат сами да го одберат местото на живеење, како и секој друг граѓанин што доаѓа надвор од ЕУ.
Следната инстанца која што до крај треба да го расчисти прашањето е германскиот Врховен суд, кој што ќе треба да утврди дали националните власти можат да наложат ограничување за луѓето со статус на хуманитарно заштитени лица доколку тие се соочуваат со поголеми тешкотии во интеграцијата од другите лица кои што легално престојуваат во Германија.
Ново на Сител
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
