Германија подготвена за зголемување на расходите во одбраната и во ОН
- Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен изјави денеска дека државата ќе вложува се повеќе во армијата и во ОН и повика и други држави да не се откажуваат од мултилатерализмот.
Нејзината изјава доаѓа неколку дена откако американскиот министер за одбрана Џејмс Матис го повтори барањето на американскиот претседател Доналд Трамп европските држави да трошат повеќе на своите армии.
Во говорот на Минхенската конференција за безбедност, германската министерка нагласи дека Германија се подготвува да игра поголема меѓународна улога, така што ќе ги зголеми трошоците за армијата и улогата во ОН. Истовремено, таа побара од ОН да се држат до мултилатералниот пат.
- Загрижени сме кога гледаме дека некои партнери прекинуваат со издвојување пари за дипломатија, развој на соработка и за ОН, нагласи таа.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет